Садиме иднина, славиме заеднички успех.

Видеото се вчитува од YouTube. Со кликот се поврзувате со YouTube. Политика за приватност

На 18.10.2025 нашиот тим се собра во Grizzly Mountain Center, Козјак на посебен тим билдинг во природа по повод 35 години Варус.

Во духот на заедништвото и одговорноста кон природата, засадивме 350 садници во чест на 35 години Варус, бевме дел од активности на отворено и ја прославивме довербата и тимската работа што нè водат веќе три и пол децении.

Потсетување дека секој успех има поголема вредност кога е заеднички.

Да продолжиме да растеме и следните 35 години, за нашиот тим и за заедницата за која се грижиме.